Импресум

 

Ние, подмладоците на првата и втората генерација на македонски државјани кои во последните 30 до 40 години се доселени во Виена, Австрија и кои оваа земја ја гледат како своја втора татковина, сакавме со основувањето на ова културно - уметничко друштво да ја изразиме нашата желба и силната потреба, да ги негуваме и одржиме обичаите и културата на нашите предци од регионот Македонија во географска смисла. Секој кој ќе ги почитува статутите на КУД Македонка и ќе покаже заинтересираност да ја запознае и открие нашата култура е добредојден член во ова друштво.
Како членпви сме должни да ја негуваме и зачуваме оваа наша култура и да ја пренесуваме на идните генерации овде, во Виена како најдрагоцен бисер од македонската историја. Во ова друштво треба да препвладува желбата да овој наш фолклор, поради неговата заслуга во полето на народните танци, на народната музика, на инструментите, на носиите да биде заштитен како важен дел од светското културно наследство.
Да го завршиме ова наше кратко претставување со познатата мисла на нашиот македонски интелектуалец и татко на модерната македонска нација, Гоце Делчев:
„Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите

Официјални документи