Дома

 

Почетоците на македонскиот фолклор во Виена датираат уште од 70тите години на 20. век со самото доаѓање на македонските иселеници на овие простори. Тогаш уште организирани во склопот на СФРЈ и југословенските клубови, со македонскиот клуб „ИЛИНДЕН“.

Со текот на времето и распаѓањето на СФРЈ така и македонскиот фолклор во Виена замре и остана неактивиран се до појавувањето на КУД „Македонка“.

КУД „Македонка“ почетоците на своето постоење ги имаше уште во Септември 2005 год кога неколку ентузијасти со идејата за обновување на македонскиот фолклор формираа фолклорна група. Меѓу првите основачи, треба да се спомнат: Кајмакоски Павле како прв кореограф и претседател и Даниела Бојческа која зема активно учество во кореографијата на друштвото во тоа време. Тие ги направија првите чекори за обновување на традицијата на македонскиот фолклор на овие простори а кои за жал сега не се повеќе дел од КУД „Македонка“.

Свој удел во работата на друштвото имаше истотака и Трајко Димитров, кој извесно време и го водеше друштвото. Исто треба да се спомне и Ивана Трпеска која беше во КУД „Македонка“ од почетокот на 2005 и подолг период беше и кореограф на друштвото од 2009 до Мај 2011 год.

Најголем пресврт на настаните и организацијата на друштвото настанаа во Септември 2011 год. кога на вонредното годишно собрание членството избра ново раководство.

КУД „Македонка“ полека доживува трансформација во отворено друштво со јаки раководни структури и независни органи во склопот на статутите на друштвото. Има своевиден прогрес во работењето и финансиската ситуација е значително подобрена. Моментално има 3 групи: јуниорска, младинска и сениорска. Трите групи се составени од вкупно преку 50 члена, кои даваат напори и волја за нега и ширење на македонскиот фолклор и исто така размена на искуства со други друштва и организации во и надвор од Австрија.

Во фазата на редефинирање и реорганизација на друштвото во периодот 2011/2012 голема и важна улога одигра Дејан Клекачкоски, пред се во кореографијата,  кој несебично и пожртвувано ги спремаше играорците на нови подвизи. Во Октомври 2011 на вонредното собрание на членовите за претседател на друштвото беше избран Борче Јанев на кого мандатот му истече во Септември 2012 г. И поради професионални обврски не можеше да го продолжи својот мандат. На новото годишно собрание во Октомври 2012 г. беше избрана Др.Бети Хохштегер, како нов претседател на друштвото.

Актуелниот претседател на друштвото е Татјана Николовска, која беше избрана во Октомври 2013 година. Функцијата кореограф од Септември 2012 до Jуни 2015 година успешно ја извршуваше Александар Арабаџиев, oд  Септември 2015 година Toни Pиcтoвcки го зaмeнувa како кореограф.

Друштвото покрај фолклорот направи напори да воспостави и група за народни инструменти.

Инструментите кои можат да се изучуваат се гајда, дудук, кавал, кемане, тапан и тамбура.

Покрај оваа група функционира и групата за хорско пеење на народни изворни македонски песни.

КУД „Македонка“ од Виена апелира до сите деца, родители и до сите оние кои сакаат и имаат желба за заедничко дружење и изучување на македонската традиција и фолклор да ни се приклучат и активно да земат учество во работата на друштвото.

Ние како Македонци можеме на Австрија и на светот многу да му покажеме и многу да оставиме како

народно културно наследство. Фолклорот е уникатен симбол на Македонија, да ги заштитме тие вредности заеднички.

 

Со почит,

 

Македонско фолклорно друштво „МАКЕДОНКА“ Виена